УТРО.мк

Трамп воведува огромни царини за две држави на Балканот

Трамп воведува огромни царини за две држави на Балканот
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп го потресе Балканот со официјалната најава на нови реципрочни увозни давачки, насочени кон неколку земји, меѓу кои се најдоа Србија и Босна и Херцеговина. Според објавата на платформата Truth Social, од 1 август увозот од Србија ќе биде обложен со царина од 35%, додека за производите од Босна и Херцеговина се предвидени 30% давачки.

Мерката, која беше најавена уште во април, сега е формализирана преку писмо лично упатено до српскиот претседател Александар Вучиќ, во кое Трамп наведува дека САД и понатаму се отворени за економска соработка – но под еден услов: српските компании да отворат производство на американско тло.

„Сакаме фер трговија. Ако сакате пристап до нашиот пазар, почнете да инвестирате овде“, стои во дел од пораката. Трамп истовремено предупредува дека, доколку Србија одговори со контрамерки, Вашингтон ќе воведе уште повисоки царини.

Србија не е единствената држава под ударот на новите американски трговски политики. На листата се најдоа и Јапонија, Јужна Кореја, Малезија, Казахстан и уште неколку азиски земји, со различни царински стапки кои достигнуваат до 40%.

Белград засега нема официјален одговор на потегот од Вашингтон, но економските аналитичари предупредуваат на можни сериозни последици. Зголемените царини би можеле да го погодат извозниот сектор и да предизвикаат нови тензии во билатералните односи меѓу Србија и САД.

„Времето за дипломатско тактизирање истекува. Сега топката е кај Вучиќ – дали ќе се обиде да најде компромис или ќе избере конфронтација“, предупредуваат експертите.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран