УТРО.мк

Трамп цензуриран: се појавија шокантни детали од интервјуто

Трамп цензуриран: се појавија шокантни детали од интервјуто
Vero

CBS значително го скрати интервјуто со Доналд Трамп во емисијата „60 минути“, емитувајќи само 28 од вкупно 90 минути разговор со новинарката Нора О’Донел. Тоа беше негово прво гостување во оваа емисија по пет години.

Трамп во неемитуваниот дел ја провоцирал телевизијата спомнувајќи дека добил 16 милиони долари нагодба од CBS поради претходен спор за „манипулативно монтирање“ на интервју со Камала Харис, за кое тврдеше дека ѝ помогнало во изборите.

„’60 минути’ беа принудени да ми платат многу пари затоа што извадија одговор кој можеше да ги смени изборите. Не можете да имате лажни вести, мора да имате легитимни вести“, рекол Трамп.

Од емисијата биле исечени и неговите изјави за наводна изборна измама во 2020 година и коментарите за криминалот во Вашингтон, кои, според него, медиумот не сакал да ги прикаже.

Полната верзија и транскрипт од интервјуто CBS ги објави на интернет.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран