УТРО.мк

Пиратите повторно активни: Киднапиран брод во Сомалија

Пиратите повторно активни: Киднапиран брод во Сомалија
Vero

Вооружени пирати се качиле на танкер близу брегот на Сомалија, соопшти Агенцијата за поморска трговија на Велика Британија (UKMTO). Нападот се случил 560 наутички милји југоисточно од Ајла, во Индискиот океан.

Капетанот пријавил дека мал чамец им се приближил и испукал оган и ракети кон бродот. Фирмата за поморска безбедност „Ембри“ потврди дека пиратите се качиле на танкер под малтешко знаме.

Стручњаците сметаат дека нападнатиот брод е „Elas Afrodit“, кој во моментот на нападот го сменил курсот и забавил, патувајќи од Сика, Индија, до Дурбан, Јужна Африка.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран