УТРО.мк

Трамп со нов ултиматум: „Имаат две опции“

Трамп со нов ултиматум: „Имаат две опции“
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД на одреден начин преговараат со Иран, но истовремено порача дека Техеран има само две можности – да постигне договор или да се соочи со нов силен американски напад.

Во интервју за „Real America’s Voice“, Трамп рече дека иранските претставници се „лукави преговарачи“, но оцени дека економската состојба во Иран е исклучително тешка.

„Економски гледано, тие се во хаос. Не можат да позајмуваат пари. Ние ги контролираме нивните пари“, изјави Трамп, осврнувајќи се на замрзнатиот ирански имот.

Американскиот претседател додаде дека доколку не дојде до договор, Вашингтон има и друга опција – повторно да го нападне Иран со голема сила.

Трамп воедно ги отфрли информациите дека американската војска се соочува со сериозен недостиг од муниција.

„Добро стоиме со муницијата“, рече тој, додавајќи дека американските залихи можеби се намалени затоа што администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден испратила голема воена помош за Украина.

Неговите изјави доаѓаат откако „Ројтерс“ објави дека американската војска потрошила значителен дел од залихите на високопрецизни ракети со долг дострел за време на конфликтот со Иран.

Во меѓувреме, пакистанскиот министер за одбрана Каваџа Асиф изјави дека САД и Иран се блиску до постигнување одреден вид мировен договор.

Додека дипломатските напори продолжуваат, изјавите од Вашингтон оставаат отворена и можноста за нова воена ескалација доколку преговорите не дадат резултат.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin