УТРО.мк

Трамп подготвува радикален пресврт во односот со Русија

Трамп подготвува радикален пресврт во односот со Русија
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп значително го менува пристапот кон Русија, оценува британскиот Telegraph, укажувајќи на премин од поумерен став кон политика на директен притисок врз Москва.

Во понеделникот Трамп најави ревизија на ограничувањата за испорака на одредени типови оружје за Украина. Веќе следниот ден остро го нападна рускиот претседател Владимир Путин, нарекувајќи ги неговите изјави „бесмислици“. Според Telegraph, Трамп по телефонскиот разговор со Путин наводно заклучил дека рускиот лидер нема намера да запре: „Ќе оди до крај и ќе продолжи со убивање луѓе“, изјавил Трамп на затворен брифинг.

Американските власти проценуваат дека Русија во моментов има распоредено околу 695.000 војници и засилува воздушни напади како дел од новата летна офанзива. Иако не се очекува реализација на заканата за „бомбардирање на Москва“ од неодамна протечена аудиоснимка, Трамп сигнализира нова решеност за изолација на Русија – и економски и политички.

Во неделата, Трамп објави дека сите земји-членки на БРИКС ќе бидат погодени со дополнителна 10% царина доколку продолжат со „антиамериканска политика“. „Нема да има исклучоци“, напиша тој на Truth Social.

Клучен играч во оваа стратегија е новиот министер за финансии, Скот Бесент – поранешен соработник на Џорџ Сорос и фигура позната по агресивни финансиски потези. Бесент веќе разработил план за економски притисок врз Кина, а сега истиот модел се применува на Русија. Според него, Москва ќе се соочи со последици доколку не се врати на патот на дипломатија.

Со над 16.000 веќе воведени санкции, Русија е најсанкционирана држава во светот. Банкарскиот сектор ѝ е отсечен од SWIFT, резервите се замрзнати, а клучни индустрии под постојан притисок. И покрај тоа, Кремљ досега успеваше да ги заобиколи дел од ограничувањата.

Но, нов предлог-закон на сенаторот Линдзи Греам предвидува 500% царини за сите земји што тргуваат со Русија во стратешки сектори – мерка што би значела економски карантин за сојузниците на Москва.

Аналитичарите предупредуваат дека руската економија сè потешко издржува. Инфлацијата е висока, индустриското производство стагнира, а државниот буџет е под силен притисок. Дури и гувернерката на Централната банка, Елвира Набиулина, призна дека „пред нас се турбулентни времиња“.

Дипломатски извори тврдат дека Путин е свесен за промената кај Трамп. Последното предупредување, наводно, дошло во петокот, кога американскиот претседател му се заканил со нов пакет санкции доколку не се постигне договор.

Дали Кремљ повторно ќе ја потцени заканата? И дали новата стратегија на Трамп ќе донесе економски колапс или дипломатски пробив – останува да се види.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран