УТРО.мк

Трамп: Можеме да ја преземеме целата иранска нафта, па дури и целата земја

Трамп: Можеме да ја преземеме целата иранска нафта, па дури и целата земја
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави би можеле да ја преземат целата иранска нафта, па дури и контролата врз Иран, доколку одлучат да го направат тоа.

Во изјава пред новинарите, Трамп порача дека Техеран има ограничени можности да спречи таков потег.

„Ако сакаме, би можеле да ја земеме целата нивна нафта – па дури и целата земја! Целата нивна нафта може да биде наша“, рече американскиот претседател.

Одговарајќи на прашање за можноста конфликтот на Блискиот Исток да потрае, Трамп ја оцени ситуацијата како ќорсокак. Истовремено, тој тврдеше дека Ормуската теснина е под целосна американска контрола.

Изјавата се надоврзува на неговите претходни пораки за можноста Вашингтон да воспостави контрола врз иранската нафта. Сепак, во наведеното обраќање не се посочени конкретни чекори или временска рамка за реализација на таквата намера.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран