УТРО.мк

Трамп ѝ дава рок на ЕУ до 4 јули за исполнување на трговскиот договор

Трамп ѝ дава рок на ЕУ до 4 јули за исполнување на трговскиот договор
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека имал, како што го оцени, „многу добар и продуктивен разговор“ со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кој биле отворени неколку клучни економски и безбедносни теми.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп порача дека Вашингтон досега покажал трпение во очекување Европската унија да ги исполни обврските од, како што го нарече, „историскиот трговски договор“ постигнат во Шкотска. Тој го опиша тој договор како најзначаен од ваков вид во светски рамки.

Според неговите тврдења, европската страна се обврзала на значително намалување на царините, дури и нивно сведување на нула, но процесот на имплементација, како што наведе, сè уште не е целосно реализиран.

Трамп предупреди дека трпението на САД има крајна граница и постави јасен временски рок до 4 јули, кој се совпаѓа со 250-годишнината од американската независност. Доколку дотогаш не се испочитуваат договорените обврски, тој најави дека Вашингтон ќе одговори со значително повисоки царински стапки.

Меѓу потенцијалните мерки што ги спомена е и зголемување на царините за увоз на автомобили и камиони од Европската унија на 25 проценти, наспроти сегашните 15 проценти.

Во истиот разговор со фон дер Лајен, според Трамп, бил отворен и безбедносниот аспект поврзан со Иран. Двете страни, како што наведе, се согласиле околу ставот дека Техеран не смее да дојде во позиција да поседува нуклеарно оружје.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран