УТРО.мк

Двобој помеѓу Астон Вила и Фрајбург во финалето на Лига Европа

Двобој помеѓу Астон Вила и Фрајбург во финалето на Лига Европа
Vero

Астон Вила и Фрајбург обезбедија место во финалето на Лига Европа по убедливи настапи на реванш полуфиналните средби, кои им донесоа целосен пресврт и потврда на нивната форма во клучниот дел од сезоната.

Во дуелот меѓу два премиерлигашки ривали и поранешни европски шампиони, Астон Вила доминираше против Нотингем Форест и славеше со високи 4:0. Домашниот состав го отвори резултатот уште во првото полувреме преку Оли Воткинс, со што ја анулираше негативата од првиот натпревар. Во продолжението, темпото дополнително се засили: Емилијано Буендиа сигурно реализираше од белата точка за 2:0, а потоа Џон Мек Гин со два прецизни погодоци ја заокружи убедливата победа.

Во второто полуфинале, Фрајбург ја искористи предноста на домашниот терен и раното исклучување на Марио Дрогелеш во 9. минута од редовите на Брага. Германскиот тим ја презеде контролата и дојде до убедливо водство од 3:0, практично решавајќи ја двомечната пресметка во своја корист. Брага во финишот успеа само да го ублажи поразот со еден погодок, но тоа не беше доволно за промена на вкупниот исход.

Со овие резултати, Астон Вила и Фрајбург ќе се соочат во големото финале на 20 мај во Истанбул, каде ќе се одлучи новиот освојувач на трофејот во Лига Европа.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран