УТРО.мк

Трамп до сојузниците: Америка нема веќе да ве штити – купувајте нафта од САД или снаоѓајте се сами

Трамп до сојузниците: Америка нема веќе да ве штити – купувајте нафта од САД или снаоѓајте се сами
Vero

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, испрати силна и директна порака до сојузничките земји погодени од енергетската криза предизвикана од случувањата во Ормутскиот теснец, најавувајќи поостар и поавтономен пристап во американската надворешна политика.


Во својата објава, Трамп отворено ги критикуваше државите кои, според него, одбиле да се вклучат во акциите против Иран, а сега се соочуваат со недостиг на гориво и енергетска нестабилност. Посебно ја спомена Велика Британија, која ја обвини дека не покажала подготвеност да учествува во клучни геополитички потези.


„Сите тие земји што сега не можат да добијат гориво поради Ормутскиот теснец – имам предлог: Прво, купувајте од САД, имаме доволно. Второ, соберете храброст, одете таму и земете го“, порача Трамп.
Со оваа изјава, американскиот претседател практично испраќа сигнал дека ерата на безусловна заштита од страна на САД за сојузниците завршува. Тој јасно нагласува дека секоја држава ќе мора да преземе поголема одговорност за сопствената енергетска и безбедносна стабилност.


Во продолжение, Трамп додава дека „Америка нема повеќе да биде таму за да помогне“, алудирајќи на промена на долгогодишната стратегија на глобално лидерство и воена поддршка.
Особено провокативен дел од неговата порака е тврдењето дека Иран веќе е „суштински разбиен“ и дека „тешкиот дел е завршен“, што може да се толкува како сигнал за нова фаза во односите на САД со Блискиот Исток.


Ормутскиот теснец, низ кој поминува значителен дел од светската нафта, повторно станува геополитичка точка на судир, а ваквите изјави дополнително ја зголемуваат неизвесноста на глобалните пазари.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран