УТРО.мк

Македонски кардиолог Никола Бакрачески официјално стана соработник на Американскиот Колеџ за Кардиологија во Њу Орлеанс

Македонски кардиолог Никола Бакрачески официјално стана соработник на Американскиот Колеџ за Кардиологија во Њу Орлеанс
Vero
Извор: Плус Инфо.мк
Извор: Плус Инфо.мк

На сцената на најголемиот светски собир на кардиолози, што се одржува во Њу Орлеанс, САД, македонската медицинска гордост, д-р Никола Бакрачески од Охрид, денеска ја доби една од највисоките професионални титули во кардиологијата. Во рамките на свечена церемонија, организирана од влијателната American College of Cardiology, тој официјално стана FACC, соработник на Американскиот Колеџ за Кардиологија, статус кој го вбројува меѓу најистакнатите кардиоваскуларни експерти на глобално ниво.

Ова признание е круна на неговата кариера, но не е прво од ваков ранг. Само пред неколку месеци, во јануари 2025 година, д-р Бакрачески беше избран и за FESC, соработник на Европското здружение за кардиологија. Со тоа тој се приклучи на ексклузивната група експерти кои го обликуваат идниот правец на кардиологијата во Европа.

Овие две престижни титули, стекнати истовремено, го поставуваат д-р Бакрачески во редот на ретките кардиолози од регионот кои се признаени и почитувани на светско ниво. Тие се симбол на посветеност, континуирано учење и врвен професионализам, и го истакнуваат како еден од најистакнатите кардиоваскуларни специјалисти на планетата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран