УТРО.мк

Трамп бара поголем пристап за американските компании во Кина

Трамп бара поголем пристап за американските компании во Кина
Vero

Во обид да ги зацврсти економските позиции на САД во пресрет на новата рунда чувствителни преговори со Пекинг, американскиот претседател Доналд Трамп пристигнува во Кина со цел американските компании мора да добијат поширок пристап до кинескиот пазар.

Уште за време на летот кон Пекинг, Трамп најави дека директно од кинескиот лидер Си Џинпинг ќе побара „вистинско отворање“ на кинеската економија за американскиот бизнис, особено за технолошкиот сектор.

Во неговата делегација се наоѓаат и челниците на некои од најмоќните технолошки и ИТ компании во САД, што дополнително ја нагласува економската тежина на посетата и амбицијата Вашингтон да обезбеди посилно присуство на американскиот капитал во Кина.

Средбата меѓу Трамп и Си се очекува да биде доминирана од неколку клучни глобални прашања: можноста за продолжување на царинското примирје меѓу двете најголеми светски економии, тензиите околу Тајван, како и развојот на кризата поврзана со Иран.

Оваа посета е прво патување на американски претседател во Кина по 2017 година, период кога токму Трамп беше последниот шеф на Белата куќа што официјално престојуваше во Пекинг.

MegaWin
MegaWin
Green Machines

Сподели го овој напис

MegaWin
MegaWin
Филигран