УТРО.мк

Трагедија во Австрија: Тројца планинари загинаа од удар на гром

Трагедија во Австрија: Тројца планинари загинаа од удар на гром
Vero

Тројца планинари загинаа во саботата попладне откако беа погодени од гром во близина на врвот Митагспице, во австриската покраина Тирол. Жртвите се 62-годишен маж, неговата 60-годишна сопруга и неговиот 60-годишен брат.

Несреќата се случила додека тројцата се спуштале по планината, откако дошло до ненадејно влошување на временските услови. Спуштањето го започнале околу 12:30 часот, но бидејќи не се вратиле во предвиденото време, веднаш била покрената потрага.

Во потрагата учествувале припадници на полицијата, планинската спасувачка служба и хеликоптер на итната медицинска помош. Екипата од воздух набргу забележала три неподвижни тела во близина на обележана патека, на надморска височина од околу 2.268 метри.

Лекарот кој пристигнал со хеликоптерот само можел да констатира смрт кај сите тројца. Според окружниот лекар, смртта настапила како резултат на удари од гром.

Австриските служби апелираат до планинарите да ја следат метеоролошката прогноза и да бидат особено внимателни при најави за нестабилно време, особено во планинските предели.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран