УТРО.мк

ТЕНЗИИТЕ ЕСКАЛИРААТ: САД испраќаат елитни сили на Блискиот Исток по одбивањето на Иран!

ТЕНЗИИТЕ ЕСКАЛИРААТ: САД испраќаат елитни сили на Блискиот Исток по одбивањето на Иран!
Vero

Соединетите Американски Држави потврдија дека ќе распоредат копнени сили на Блискиот Исток, откако Иран го отфрли мировниот план предложен од американскиот претседател Доналд Трамп, објави британскиот медиум The Independent.

Од Пентагон информираат дека во регионот ќе бидат испратени делови од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија, заедно со логистички единици и сили за поддршка, како и 1-та борбена бригада. Овој потег се толкува како јасен сигнал за зголемена подготвеност на Вашингтон во услови на растечки тензии.

Во меѓувреме, ирански официјални претставници потврдија дека го примиле американскиот предлог за ставање крај на конфликтот, но го оцениле како неприфатлив. За Reuters изјавиле дека нивните првични впечатоци „не се позитивни“, додавајќи дека одговорот бил испратен преку посредници од Пакистан.

Според пакистански извори вклучени во дипломатскиот процес, американскиот план предвидува олеснување на санкциите кон Иран, можност за цивилна нуклеарна соработка, нови ограничувања на нуклеарната програма на Техеран, како и повторно отворање на клучниот Ормуски теснец.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран