УТРО.мк

Танкери за нафта првпат ќе можат да минуваат низ Ормутскиот теснецот

Танкери за нафта првпат ќе можат да минуваат низ Ормутскиот теснецот
Vero

Ирак и Иран постигнаа договор кој ќе им овозможи на ирачките нафтени танкери повторно да го користат Ормускиот теснец, изјави ирачкиот министер за нафта, Хајан Абдул-Гани, за Ал Џазира.

Според Абдул-Гани, иако преговорите меѓу двете земји за обезбедување на слободен морски проток сè уште се во тек, постигнатиот договор е голем чекор кон нормализирање на сообраќајот низ клучниот воден пат. Иран, кој го контролира теснецот, речиси целосно го блокираше поморскиот сообраќај од почетокот на војната, но официјални ирански извори тврдат дека домашното производство и извозот на нафта ќе продолжат без прекин.

Договорот доаѓа во критичен момент, кога американскиот претседател Доналд Трамп ги повикува сојузниците на САД активно да се вклучат во обезбедувањето на Ормускиот теснец, имајќи предвид дека намалениот извоз од Персискиот Залив сè уште создава притисок врз глобалните пазари на енергија.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран