УТРО.мк

Тајван испали ракети во правец на Кина

Тајван испали ракети во правец на Кина
Vero

Тајванската армија испали ракети од американскиот ракетен систем ХИМАРС (High Mobility Artillery Rocket System) во рамки на воена вежба насочена кон демонстрирање на подготвеноста за одбрана од потенцијални кинески напади.

Ракетите биле истрелани од мобилни лансери како дел од обуката на тајванските вооружени сили, со цел тестирање на способностите за брзо распоредување и изведување прецизни удари. Од тајванската војска соопштија дека единиците успеале да ги маневрираат возилата и да ги испалат ракетите во рок од само три минути по добивањето на наредбата, демонстрирајќи високо ниво на мобилност и подготвеност.

Иако системот ХИМАРС и претходно бил тестиран, ова е првпат ракети да бидат истрелани кон водите на Тајванскиот Теснец, кој го разделува Тајван од Кина.

Тајванската армија најави дека ќе продолжи со обуките за користење на ХИМАРС „поради актуелната непријателска закана“, јасно алудирајќи на зголемените тензии со Кина, пренесува Си-Ен-Ен.

Испуканите ракети биле вежбовни и со намален дострел, поради што кратко по лансирањето паднале во водите на теснецот.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран
MegaWin
MegaWin