УТРО.мк

СВЕТОТ ПРЕД ЕНЕРГЕТСКИ КОЛАПС: Криза полоша од 1973 – нафтата експлодира, снабдувањето во опасност

СВЕТОТ ПРЕД ЕНЕРГЕТСКИ КОЛАПС: Криза полоша од 1973 – нафтата експлодира, снабдувањето во опасност
Vero

Светот се соочува со најголемиот енергетски шок во историјата, предупредуваат експертите, додека војната на Блискиот Исток предизвикува сериозни потреси на глобалниот пазар на енергенси.


Клучниот проблем е драматичната ситуација околу Ормускиот теснец – стратешки морски коридор покрај Иран низ кој поминува околу една петтина од светската нафта и гас. Според информациите, овој коридор е практично блокиран по ескалацијата на конфликтот.

Експертите алармираат: „Најтежок енергетски удар досега“
Меѓународни институции веќе ја опишуваат ситуацијата како „најтешко глобално енергетско нарушување во историјата“, дури и полошо од нафтената криза од 1973 година.


Причината е комбинација од воени напади врз гасни полиња и рафинерии, нарушен транспорт на енергенси
неизвесност околу понатамошна ескалација


Последиците веќе се чувствуваат:
од пазарот се повлечени околу 400 милиони барели нафта, цените скокнале за околу 50%, нафтата надмина 110 долари по барел, а во некои случаи достигнува и 164 долари
Ова значи директен удар врз транспортот, индустријата, сметките на граѓаните


Кризата веќе се прелева и во земјоделството:
околу 1/3 од светската трговија со ѓубрива минува низ Ормус
цените на ѓубривата пораснале за 30–40%


Експертите предупредуваат дека тоа ќе доведе до помалку производство на жито, поскапо месо и млеко, глобален раст на цените на храната


Аналитичарите се едногласни – ова е само почеток:
ако конфликтот продолжи → следи глобална инфлација
ако Ормус остане затворен → можно е снабдувачки колапс
ако цените продолжат да растат → светот може да влезе во економска криза

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран