
Рускиот претседател Владимир Путин испрати силна порака на поддршка до Иран, истакнувајќи дека Русија останува „лојален пријател и сигурен партнер“ во период на сериозна криза на Блискиот Исток.
Пораката била упатена до иранското раководство по повод празникот Новруз, но доаѓа во момент кога конфликтот во регионот влегува во опасна фаза, со интензивни напади и зголемени тензии.
Од Кремљ нагласуваат дека Москва стои покрај Техеран во, како што велат, „тешки времиња“, при што се потенцира продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји.
Во позадина на оваа изјава, се споменува и засилена соработка, вклучително и размена на информации и технолошка поддршка, што дополнително ја нагласува блискоста меѓу Москва и Техеран во актуелниот геополитички контекст.
Сепак, аналитичарите предупредуваат дека и покрај силната реторика, руската поддршка засега главно се сведува на политичка и дипломатска поддршка, без директна воена интервенција.
Русија и Иран веќе имаат потпишано стратешко партнерство, но тоа не вклучува обврска за заемна одбрана, што значи дека Москва внимателно ја балансира својата позиција во конфликтот.























