УТРО.мк

Што подготвува Пекинг? Кина гради „нуклеарна ѕверка“ со кула за ладење висока 203 метри

Што подготвува Пекинг? Кина гради „нуклеарна ѕверка“ со кула за ладење висока 203 метри
Vero

Кина започна со изградба на првата единица од нуклеарниот реактор Hualong One, кој ќе биде опремен со кула за ладење висока 203 метри, во состав на нуклеарната централа Џаојуан во источната провинција Шандонг, пренесуваат денеска кинеските медиуми. Изградбата ќе ја спроведе кинеската корпорација General Nuclear Power Group (CGN), јавува „Глобал Тајмс“.

На прес-конференцијата по повод почетокот на проектот, претставникот на нуклеарката Џаојуан, Ју Сјангдонг, истакна дека главната особеност на оваа инвестиција е токму кулата за ладење висока 203 метри. Тој објасни дека таа служи за исфрлање топлина во атмосферата со цел намалување на температурата на системот, додека морската вода се користи само како дополнителен извор.

Според него, со воведување на оваа технологија, проектот Џаојуан го проширува капацитетот на нуклеарката и носи ново искуство за идниот развој на кинеската нуклеарна енергетика.

Претставникот на CGN, Јанг Јаџанг, додаде дека кулата за ладење ќе има толку голем воден резервоар што ќе може да го лади реакторот најмалку 30 дена без дополнително полнење.

Предвидена е изградба на шест реактори Hualong One, со вкупен капацитет од околу 7,2 милиони киловати.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран