УТРО.мк

Шефот на НАТО: Ние сме следната мета на Русија. Немаме време. Стигна одговор од Москва

Шефот на НАТО: Ние сме следната мета на Русија. Немаме време. Стигна одговор од Москва
Vero

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска упати силен апел до сојузниците да ги зголемат одбранбените капацитети и инвестиции со цел да се спречи потенцијален воен конфликт што, како што рече, би можела да го предизвика Русија – конфликт „каков што го доживеале нашите дедовци и прадедовци“.

Говорејќи во Берлин, Руте истакна дека премногу земји членки не ја чувствуваат доволно сериозно руската закана и предупреди дека одложувањето на одбранските вложувања е ризик кој Европа не може да си го дозволи. „Ние сме следната цел на Русија. Стравувам дека многумина се премногу опуштени и веруваат дека времето работи за нас. Не е така. Времето за дејствување е сега“, рече тој, додавајќи дека „судирот е пред нашите врати“ и дека Русија би можела да биде подготвена да употреби сила против НАТО во рок од пет години.

Русија реагира: „НАТО се подготвува за голем судир“

Во реакција на изјавите на Руте, руската амбасада во Белгија соопшти дека токму НАТО и Европската унија ја ескалираат ситуацијата и се подготвуваат за голем конфликт со Русија, пренесе ТАСС.

„Не Москва, туку раководството на НАТО и ЕУ ја турка ситуацијата кон ескалација и се подготвува за конфликт со нашата земја. Изјавите на генералниот секретар Руте дека Русија наводно ја гледа алијансата како следна цел се крајно неодговорни и провокативни“, наведоа од амбасадата.

Тие додадоа дека „военото крило во Брисел“ настојува да му ја претстави на населението како неопходна неконтролираното зголемување на воените трошоци и милитаризацијата на економиите, на штета на социјално-економската благосостојба.

Амбасадата тврдеше и дека целта е да се оправда континуираното снабдување на украинските сили со оружје и опрема, додека, како што наведуваат, се попречуваат напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за мирно решавање на украинската криза.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран