Скопје, декември 2025 – Предновогодишната магија за најмладите добива уште едно продолжение. Првото издание на „Kids Disco“, кое ќе се одржи на 28 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ), е целосно распродадено во рекордно краток рок, што уште еднаш потврдува дека овој концепт прераснува во најбараниот детски настан во градот.
Поради големиот интерес и на бројните барања од страна на родителите, организаторите донесоа одлука да отворaт уште едно дополнително шоу на истата дата – 28.12.2025 година, со почеток во 14:00 часот.
„Kids Disco“ е внимателно осмислено интерактивно шоу наменето за деца од 2 до 12 години, кое комбинира музика, танц, анимација и визуелна магија. Програмата вклучува Kids DJ, маскоти, 3D анимации, професионални аниматори, како и Magic & Clown Show, создавајќи безбедна, весела и незаборавна атмосфера за најмладата публика.
Настанот претставува уникатна можност за децата да ја доживеат новогодишната еуфорија преку игра, музика и заедничка радост, а за родителите – сигурен и квалитетен настан организиран по највисоки стандарди.
Влезници за второто шоу се веќе пуштени во продажба и се достапни преку платформата www.kupikarta.com.
Организаторите апелираат родителите навреме да обезбедат билети, со оглед на исклучително брзата продажба на првото шоу.



























