УТРО.мк

Во Скопје ќе се промовира јубилејното издание „Абецедарот – сто години подоцна“

Во Скопје ќе се промовира јубилејното издание „Абецедарот – сто години подоцна“
Vero

Јубилејната публикација „Абецедарот – сто години подоцна“ (1925–2025), со авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар, утре ќе биде промовирана во Скопје.

Настанот е во организација на Сојузот на здруженија „Македон“, а промоцијата ќе започне во 11 часот во Универзитетот „Скопје“. Промотори на изданието ќе бидат проф. д-р Никола Жежов и проф. д-р Валентина Миронска, додека актерите Никола Кузелов и Игор Трпчески ќе читаат избрани одломки.

Јубилејното издание е составено од два дела. Во првиот се наоѓа предговорот и трите авторски статии на Јурукова, Ачкоска и Јачева Улчар. Вториот дел го содржи оригиналниот „Абецедар“ на левата страна од книгата, а на десната – неговите транскрибирани страници на кирилско писмо.

Како што наведуваат организаторите, изданието претставува значаен придонес во одбележувањето на еден век од појавата на „Абецедарот“ и неговото историско значење.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран