УТРО.мк

САД и Израел го нападнаа Иран, ескалација на тензиите на Блискиот Исток

САД и Израел го нападнаа Иран, ескалација на тензиите на Блискиот Исток
Vero

Израел започна превентивен напад врз Иран, отворајќи нова фаза на воена конфронтација на Блискиот Исток и дополнително намалувајќи ги шансите за дипломатско решение на долготрајниот нуклеарен спор. Експлозии одекнаа во Техеран, а според информации од терен, една од целите била и област во близина на канцелариите на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, кој според извори не се наоѓа во главниот град и е префрлен на безбедна локација.

Американски медиуми, повикувајќи се на неименувани функционери, објавија дека и САД учествуваат во операцијата, вклучително и со воздушни напади. Белата куќа засега не даде официјален коментар за наводите.

Иранските медиуми јавуваат за повеќе експлозии низ Техеран, додека властите ги затвориле патиштата околу клучните државни објекти. Според извори запознаени со операцијата, цел на нападите биле воени капацитети, разузнавачки структури и симболи на иранската власт.

Нападот доаѓа во период на засилено американско воено присуство во регионот, каде што беа распоредени дополнителни борбени авиони и воени бродови. Од Техеран претходно предупредија дека секој напад ќе биде проследен со одмазда, при што потенцијални цели би можеле да бидат американските бази и персонал во регионот.

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека операцијата има за цел да ги отстрани заканите за безбедноста на државата, нагласувајќи дека нападот бил подготвуван со месеци во координација со Вашингтон.

Во Израел се огласија сирени за тревога, а властите воведоа вонредни мерки, вклучително затворање на училиштата, ограничување на работата на институциите и целосно затворање на воздушниот простор за цивилни летови.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран