УТРО.мк

Редок феномен на плажа во Портгуалија ги остави капачите во чудо и неверување [ФОТО]

Редок феномен на плажа во Портгуалија ги остави капачите во чудо и неверување [ФОТО]
Vero

Во услови на силни топлотни бранови што го зафатија Пиринејскиот Полуостров, на плажите во Португалија се појави редок и фасцинантен природен феномен што ги остави кaпачите во неверување.

Додека температурата во делови од Португалија, Грција и Франција достигна и до 42 степени Целзиусови, на португалските плажи се случи необичен метеоролошки настан — појави се „чуден облак“ што наликуваше на огромен бран сличен на цунами, кој се приближуваше кон брегот. Овој феномен, е исклучително редок и обично не се среќава со таков интензитет.

Причина за оваа појава е комбинацијата на високи температури, морски ветар и нестабилни воздушни маси, што создаде услови за драматични временски промени. Во исто време, внатрешноста на Португалија беше погодена од силни грмотевици, поројни дождови и град, додека на плажите ветровите силно дуваа и предизвикаа изненадување кај посетителите.

Иако визуелно овој облак наликува на огромен бран, експертите нагласуваат дека станува збор за атмосферска појава без никаква врска со вистинските цунамиња и не претставува никаква опасност по животот на луѓето.

Овој спектакуларен природен феномен го привлече вниманието и на локалното население и на туристите, оставајќи силен впечаток и потсетување на моќта и непредвидливоста на природата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран