
Нови податоци од УНИЦЕФ откриваат дека речиси 200 деца загинале во судирите што ескалираа на Блискиот Исток откако САД и Израел започнаа заеднички воздушни операции против Иран. Според организацијата за заштита на децата, најтешко погодено е Иран, каде што животот го загубиле најмалку 181 дете, додека во Либан загинаа седум, три во Израел и едно дете во Кувајт.
УНИЦЕФ предупреди дека најмладите плаќаат несразмерно висока цена во конфликти што не ги предизвикале, истакнувајќи дека воените дејства веќе предизвикуваат „разорно влијание врз животите на децата“ низ регионите погодени од судирите.
Во едниот од најсмртоносните инциденти, иранските сили соопштија дека училиште за девојчиња во јужниот град Минаб било погодено на првиот ден од американско‑израелските напади, при што биле убиени најмалку 175 ученички. Иранската револуционерна гарда го опиша настанот со силно емоционални зборови, при што иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на социјалната мрежа X, обвини дека бомбардирањето на основното училиште од страна на САД и Израел резултирало со масакр на „повеќе од 160 невини девојчиња“, чии тела, според него, биле „распарчени“.























