УТРО.мк

Путин предложи средба со Зеленски во Москва: Дојде одговорот од Киев

Путин предложи средба со Зеленски во Москва: Дојде одговорот од Киев
Vero

Во Пекинг, за време на воената парада на која присуствуваа Владимир Путин и Ким Џонг Ун, рускиот претседател изнесе изјава дека е подготвен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Путин рече дека на американскиот претседател Доналд Трамп му кажал дека ќе се сретне со Зеленски во Москва, „под услов средбата да биде добро подготвена“.

На прашањето дали војната во Украина е блиску до крај, Путин изјави дека „постои светло на крајот од тунелот“ и дека е можно да се постигне прифатлива опција за завршување на конфликтот, но додаде дека во спротивно Русија ќе ги решава своите цели со воени средства.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиha, остро го оцени предлогот како „неприфатлив“. Тој истакна дека најмалку седум земји, вклучувајќи ја Австрија, Ватикан, Швајцарија, Турција и три заливски држави, се подготвени да бидат домаќини на самит меѓу Украина и Русија.

„Претседателот Зеленски е подготвен за таква средба во било кое време. Сепак, Путин продолжува да се меша со сите, предлагајќи свесно неприфатливи предлози“, порача Сибиha на X. Тој додаде дека „само зголемен притисок може да ја принуди Русија сериозно да го сфати мировниот процес“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран