УТРО.мк

Претседателот Трамп им се закани на сите што се противат на одземањето на Гренланд

Претседателот Трамп им се закани на сите што се противат на одземањето на Гренланд
Vero

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД можат да воведат царини за земјите кои не ја поддржуваат неговата намера да ја преземат контролата врз Гренланд. „Можам да воведам царини за земјите ако не се согласат со Гренланд, бидејќи ни е потребен Гренланд за национална безбедност“, рече Трамп на тркалезната маса за рурално здравје во Белата куќа.

Трамп постојано потенцира дека САД „апсолутно“ мора да го земат Гренланд, што дополнително го зголемува притисокот врз Данска, која формално е сопственик на островот. Изјавата следува по средбата во Белата куќа на која присуствуваа данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен, гренландската министерка за надворешни работи Вивијан Мотцфелд, американскиот државен секретар Марко Рубио и потпретседателот Џ.Д. Венс.

Истиот ден, Врховниот суд на САД најави дека наскоро ќе донесе одлука за легалноста на царините воведени од Трамп, со што ќе се одреди дали претседателот може еднострано да воведе такви мерки или е потребна согласност од Конгресот.

Интересот на Трамп за Гренланд е стар, првпат јавно изразен за време на неговиот претходен мандат, кога ја предложи можноста САД да го купат островот. Данска категорично ја одби идејата, истакнувајќи дека Гренланд не е на продажба. Гренланд е автономна територија со сопствен парламент и влада, а одлуките за неговата иднина може да ги донесат само неговите жители.

Во последните денови, неколку европски земји – Германија, Франција, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство – испратија војници на Гренланд за да го зајакнат своето присуство во Арктикот, додека Данска дополнително ги мобилизираше сопствените сили. Европските влади нагласуваат дека станува збор за одбранбени мерки и дека статусот на Гренланд не може да се менува со едностран притисок.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран