УТРО.мк

Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев

Прекин на струјата го парализира јавниот транспорт во Киев
Vero

Голем дел од јавниот транспорт во Киев денеска е запрен поради проблеми со електричната мрежа, што доведе до целосно запирање на железничкиот и метро сообраќајот, како и на подвижните скали низ градот, објавија градските власти преку официјалниот Телеграм-канал.

Градоначалникот Виталиј Кличко посочи дека поради пад на напонот, метро-станиците функционираат само како засолништа со помош на резервно електрично напојување. „Во Киев, како и во многу други градови низ Украина, дојде до вонредни прекини на струјата. Метро-сообраќајот е запрен поради нестабилност во електроенергетската мрежа“, истакна Кличко.

Градските служби работат на стабилизирање на ситуацијата, но засега не е соопштено кога сообраќајот ќе биде целосно нормализиран, јавува украинската агенција „Укринформ“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран