УТРО.мк

Очилата на Макрон станаа моден хит и се распродадоа за неколку дена

Очилата на Макрон станаа моден хит и се распродадоа за неколку дена
Vero

Откако францускиот претседател Емануел Макрон се појави во јавност со препознатливи очила за сонце, интересот за овој модел нагло порасна, а продажбата достигна неочекувани размери. Очилата дури се најдоа и во онлајн понудата на официјалната продавница на Елисејската палата, објавија француските медиуми.

Станува збор за моделот „Pacific S01-EliseeX“ на куќата „Анри Жилјен“, со сини стакла и сребрен рам, чија цена изнесува 659 евра. Макрон ги носеше очилата за време на Меѓународниот економски форум во Давос, што предизвика бројни реакции и толкувања во јавноста.

Дел од коментарите ги поврзуваа очилата со симболичен политички гест кон американскиот претседател Доналд Трамп, додека на социјалните мрежи се појавија и шеги дека Макрон сака да личи на Том Круз во филмот „Top Gun“. Подоцна беше појаснето дека францускиот претседател има бенигна очна инфекција и дека очилата ги носи по лекарска препорака.

Сопственикот на брендот Жилјен изјави дека бил искрено изненаден од експлозијата на побарувачката, која започнала веднаш по појавувањето на Макрон во Давос. Над 500 парчиња биле продадени онлајн за кратко време, иако компанијата претходно произведувала околу 1.000 очила годишно, од кои само 200 од моделот Pacific S01, во своите работилници на југот на Франција.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран