УТРО.мк

Предупредување од една од клучните сили на НАТО: „Сега е јасно. Мораме да го направиме ова. Во спротивно – готови сме“

Предупредување од една од клучните сили на НАТО: „Сега е јасно. Мораме да го направиме ова. Во спротивно – готови сме“
Vero

Слабата и поделена Европа повеќе нема политичка тежина ниту кај противниците, ниту кај сојузниците, предупреди полскиот премиер Доналд Туск. Во објава на социјалната мрежа Икс, тој порача дека е време Европа конечно да поверува во сопствената сила, да продолжи со зајакнување на одбранбените капацитети и да остане обединета како никогаш досега.

„Никој нема сериозно да ја сфати слаба и поделена Европа – ниту непријателите, ниту сојузниците. Тоа сега е јасно. Мораме конечно да веруваме во сопствената сила, да продолжиме со наоружување и да останеме обединети како никогаш досега. Еден за сите и сите за еден. Во спротивно – готови сме“, напиша Туск.

Неговата изјава доаѓа по воената операција на САД во Венецуела, во која американските сили го уапсија претседателот Николас Мадуро, во период на сè поизразени глобални тензии.

Туск важи за еден од најгласните поддржувачи на јакнење на европската одбранбена политика. Во повеќе наврати предупредуваше дека Европа не смее да се потпира исклучиво на американските безбедносни гаранции, потенцирајќи ја потребата од поголеми издвојувања за одбрана, посилна воена соработка внатре во Европската Унија и политичко единство при соочување со глобалните кризи.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран