УТРО.мк

Пожар во нафтено пристаниште по напад со дрон во Емиратите – САД испраќаат воени бродови

Пожар во нафтено пристаниште по напад со дрон во Емиратите – САД испраќаат воени бродови
Vero

Големо нафтено пристаниште во Фуџаира во Обединетите Арапски Емирати се запали по напад со беспилотно летало, соопштија локалните власти. Според официјалните информации, противвоздушната одбрана успеала да го пресретне дронот, но делови од леталото паднале во пристаништето и предизвикале пожар.

Од владината канцеларија во Фуџаира информираа дека екипите на цивилната одбрана веднаш интервенирале и работат на целосно гаснење на огнот. Властите нагласија дека пожарот бил предизвикан од паднати остатоци по пресретнувањето на дронот и дека во инцидентот нема повредени лица.

Според информациите на Блумберг, поради нападот и пожарот дел од операциите за товарење нафта во пристаништето привремено биле суспендирани.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп најави дека Соединетите Американски Држави, заедно со неколку други држави, ќе испратат воени бродови во регионот со цел да се гарантира безбедноста на пловидбата низ Ормускиот теснец.

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп истакна дека земјите кои би биле најпогодени од евентуално затворање на овој важен морски премин ќе се приклучат на иницијативата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран