
САД ја одобрија значајна воена соработка со Полска и Данска, отворајќи пат за испорака на високо-технолошка опрема и обука. Според соопштението на Пентагон, Стејт департментот зел зелено светло за продажба на воена опрема и логистички елементи на Полска, вредни околу 200 милиони долари, вклучувајќи и обука за користење на системите.
Во меѓувреме, Данска ќе добие напредни поморски патролни и извидувачки авиони П-8А заедно со потребната опрема, во трансакција проценета на 1,8 милијарди долари, јави Ројтерс. Главен изведувач на овие набавки ќе биде американскиот гигант Боинг.



























