УТРО.мк

Охридското Езеро ја започнува новата година со повисоко водостојно ниво

Охридското Езеро ја започнува новата година со повисоко водостојно ниво
Vero
ohridsko ezero
ohridsko ezero

По неколку месеци на ниски води, Охридското Езеро конечно влегува во новата календарска година во добра „кондиција“. Според последните податоци на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на езерото достигна 693,39 метри надморска височина, што е за седум сантиметри над просекот за овој период од годината.

До пред само еден месец, водостојот на езерото беше под просекот. Долгиот сушен период кој го одбележа летото и есента доведе до намалување на водата, па во некои моменти таа падна и под номинативниот минимум од 693,10 метри.

Сепак, кон крајот на ноември и во почетокот на декември, состојбата се промени драстично. Продолжените врнежи и интензивните дождови доведоа до значителен пораст на водостојот, враќајќи го езерото на здрави нивоа.

И покрај тоа што осцилациите на водата изнесуваат само неколку сантиметри, тие имаат големо значење за литоралниот дел од езерото — крајбрежјето кое е најбогато со растителни и животински видови. Дури и минималните промени на водостојот можат да создадат негативни последици врз целокупниот екосистем на Охридското Езеро.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран