УТРО.мк

Полицијата во Париз уапси 10 лица за организирана измама со лажни билети и тури во Лувр

Полицијата во Париз уапси 10 лица за организирана измама со лажни билети и тури во Лувр
Vero

Десет лица, меѓу кои и вработени во најпосетениот музеј во светот, Францускиот Лувр, како и неколку туристички водичи, се уапсени во голема полициска акција против организирана измама, јавуваат француските медиуми.

Како што пренесува „Ле Паризиен“, полицијата интервенирала откако управата на Лувр пријавила сериозни „неправилности“ во продажбата и резервацијата на билети. Истрагата открила дека криминалната мрежа продавала лажни влезници на кинески туристи и незаконски пререзервирала атракции, заработувајќи огромни суми на грбот на посетителите.

Во рамките на истрагата, биле запленети три возила, како и огромни пари — 130.000 евра кеш, речиси 200.000 евра на банкарски сметки, како и неколку банкарски сефови полни со средства.

Музејот Лувр во своето официјално соопштение, ја истакнал потребата за „стриктен и структуриран план против измами“, опишувајќи целосен сет мерки кои вклучуваат мапирање на ризици, правни иницијативи, техничка поддршка и засилени контроли, како и систематско следење на резултатите.

Овој случај доаѓа во сложен период за музејот: Лувр веќе се соочува со синдикални штрајкови поради незадоволство од платите и условите на работа, што редовно доведува до делумно затворање на култниот музеј на неделно ниво.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран