УТРО.мк

Откриена официјалната причина за падот на индискиот авион: Се се случило за 3 секунди – 260 загинати

Откриена официјалната причина за падот на индискиот авион: Се се случило за 3 секунди – 260 загинати
Vero

Откриена причината за падот на индискиот авион: 260 загинати само три секунди по полетувањето

Прелиминарната истрага за падот на авионот на индиската компанија Air India, во кој животот го загубија 260 лица, покажала дека три секунди по полетувањето дошло до ненадејно исклучување на напојувањето со гориво на двата мотора.

Според извештајот на Индискиот биро за истрага на авионски несреќи, прекинувачите за довод на гориво речиси истовремено се префрлиле од режим „вклучено“ на „исклучено“, што резултирало со прекин во снабдувањето со гориво и веднаш потоа — губење на потисок и пад на леталото.

Несреќата се случила на 12 јуни, кога авионот тип Boeing 787 Dreamliner полетал од Ахмедабад, Индија, со дестинација Лондон. Од вкупно 242 патници, преживеал само еден.

Анализата на снимката од црната кутија открива драматичен разговор помеѓу пилотите: еден го прашува другиот зошто го исклучил горивото, на што вториот одговара дека тоа не го сторил.

Во моментната фаза на истрагата, индиските власти немаат издадено препораки за авио-операторите и производителите на Boeing 787-8 и GE GEnx-1B моторите.

Истражителите продолжуваат со детална анализа на техничките параметри и можните човечки грешки, со цел целосно расветлување на трагичниот настан кој ја потресе светската авијација.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран