УТРО.мк

Објавата која го потресе светот: Името на Трамп во роденденска порака до Епстин – што се крие позади еден од најмистериозните случаи?

Објавата која го потресе светот: Името на Трамп во роденденска порака до Епстин – што се крие позади еден од најмистериозните случаи?
Vero

Името на Трамп во роденденска порака до Епстин ја потресе јавноста: Претседателот демантира, најави тужба

Името на актуелниот американски претседател Доналд Трамп се појави во роденденска порака испратена до Џефри Епстин во 2003 година, објави Wall Street Journal. Станува збор за поракa која била дел од луксузен албум направен по повод 50-от роденден на Епстин, околу три години пред да започнат јавните обвинувања за сексуално злоставување против него.

Трамп веднаш реагираше преку својата платформа Truth Social, категорично тврдејќи дека пораката е фалсификат и најави тужба против весникот, неговата издавачка куќа News Corp и медиумскиот магнат Руперт Мердок.

„Wall Street Journal и лично Руперт Мердок беа предупредени дека пораката е лажна. Ќе бидат тужени“, стои во официјалната изјава од кампањата на Трамп.

Од Wall Street Journal и матичната компанија Dow Jones одбија да дадат коментар, исто како и претставниците на News Corp и Белата куќа.

Писмото, според весникот, содржи неколку реда текст во рамка со цртеж на гола жена и завршува со пораката: „Среќен роденден – и нека секој ден биде уште една прекрасна тајна“. Потпишано е едноставно – „Доналд“.

Џеј Ди Ванс, изјави дека приказната е „целосна глупост“ и го обвини весникот за сензационализам.

Оваа објава доаѓа во време кога Белата куќа повторно е под притисок поради поврзаноста со починатиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин. Министерството за правда неодамна соопшти дека нема доволно докази кои би ги потврдиле теориите за завера поврзани со неговата смрт и клиентите кои ги опслужувал.

Епстин првпат беше уапсен во 2006 година, а во 2019 повторно беше обвинет за сексуална трговија, по што почина во затвор под сомнителни околности.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран