Генералниот секретар на Организацијата за сеопфатна забрана на нуклеарни тестови (CTBTO), Роберт Флојд, изрази сериозна загриженост поради најавите за можни нови нуклеарни тестови, оценувајќи дека секој таков потег би имал штетни и дестабилизирачки последици за глобалната безбедност.
Во соопштение објавено по налогот на американскиот претседател Доналд Трамп до војската да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје, Флојд порача дека секој експлозивен нуклеарен тест би го поткопал меѓународниот режим за спречување на ширењето на нуклеарно оружје и напорите за зачувување на мирот.
Тој истакна дека системот за следење на CTBTO е целосно подготвен да детектира било каква експлозивна нуклеарна проба и да ги информира државите потписнички на Договорот за забрана на нуклеарни тестови.
„Секој ваков тест би бил чекор наназад за човештвото и сериозен ризик за меѓународниот мир“, предупреди Флојд.































