УТРО.мк

Нигерија ги отфрли тврдењата на САД за прогон на христијани

Нигерија ги отфрли тврдењата на САД за прогон на христијани
Vero

Владата на Нигерија ја отфрли одлуката на САД да ја прогласат земјата за „држава од посебна загриженост“ поради наводни прекршувања на верските слободи, оценувајќи дека одлуката е донесена врз основа на погрешни информации и неточни податоци.

Нигериските власти тврдат дека обвинувањата за систематски верски прогон се целосно неосновани.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно ја стави Нигерија на листата држави од посебна загриженост поради убиствата на христијани, што според Стејт департментот важи за земји кои ги кршат верските слободи.

Трамп исто така изјави дека побарал од Пентагон да се подготви за можни брзи воени дејствија доколку Нигерија не ги спречи нападите врз христијаните, што дополнително ги затегна дипломатските односи меѓу двете земји.

– Неодамнешните тврдења за постоење на систематски верски прогон во Нигерија се неосновани. Нигерија спроведува сеопфатна кампања против тероризмот насочена кон групи кои ги напаѓаат Нигеријците без оглед на нивната вера – изјави државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Дунома Умар Ахмед.

Тој додаде дека американската реторика е омаловажувачка и дека дијалогот и соработката треба да останат основа на односите меѓу суверените држави, пренесува DW.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран