УТРО.мк

На повидок нова војна: Венецуела се мобилизира по заканите од САД

На повидок нова војна: Венецуела се мобилизира по заканите од САД
Vero

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро прогласи општа мобилизација на милицијата откако Белата куќа не ја исклучи можноста за воена акција против Каракас.

„Сметав дека е потребно и навремено овој викенд да спроведеме попис и да ги повикаме сите милиции, резервисти и граѓани, мажи и жени, кои сакаат да му кажат на империјализмот: ‘Доста со закани’“, изјави Мадуро.

Мобилизацијата ќе се одвива преку воени единици, локални штабови и централни плоштади, како дел од „Планот за заштита на суверенитетот и мирот“, што предвидува и проширување на народната милиција, цивилна одбрана и активности против психолошката војна.

Тензиите меѓу Каракас и Вашингтон нагло се зголемија по изјавата на портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да ги „употреби сите ресурси“ во борбата против нарко-картелите, вклучително и воена интервенција во Венецуела.

Мадуро порача дека меѓународното право строго ја забранува употребата на сила против суверени држави. Каракас веќе доби поддршка од Русија, Кина, Иран и од земјите членки на Боливарската алијанса, кои остро ги осудија заканите од САД.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран