Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека западните земји наводно планираат да ги „истребат“ Украинците, на сличен начин како што Хитлер планирал истребување на Словените.
„Никогаш не сомневав дека, покрај користењето на Украина како средство за вршење притисок врз нашата земја, една од лудите идеи што ги осмислија оние на Запад кои го предизвикаа овој конфликт беше истребување на украинското население како такво“, рече Захарова во интервју за ТАСС, пренесува Танјуг.
Таа додаде дека Западот имал „слични планови пред 85 години“ и потсети дека „нацизмот и фашизмот беснееле токму во таа Украина“.























