УТРО.мк

Мицкоски од Пробиштип: Во недела масовно на избори – бројот 9 е изборот за развој и промени

Мицкоски од Пробиштип: Во недела масовно на избори – бројот 9 е изборот за развој и промени
Vero

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот мини-митинг во Пробиштип повика на масовна излезност на вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, на 2 ноември. Тој порача дека седењето дома е најлошата опција и дека секој глас е важен за иднината на општините и државата.

„Во првиот круг коалицијата што ја предводиме освои 33 градоначалници, а со двата што се приклучија потоа, бројката достигна 35. Во уште 24 општини ќе се одлучува во недела, и сигурен сум дека по изборите ќе имаме 59 градоначалници“, изјави Мицкоски, додавајќи дека коалицијата има убедливо мнозинство во 58 општински совети, вклучувајќи го и Градот Скопје.

Тој истакна дека победата во Скопје, каде што кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски води со убедлива предност, ќе значи историски успех – 60 општини под водство на партијата.

„Такво нешто досега не се случило во независна Македонија“, рече Мицкоски, нагласувајќи дека овие избори покажуваат и пораз на Демократската унија за интеграција, партија која, како што рече, две децении била дел од сите влади.

Тој потенцира дека во вториот круг граѓаните имаат три избори: „Првата е победничката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ, втората е СДСМ, која ја враќа државата назад, а третата, најлоша опција, е да се остане дома.“

Мицкоски ги повика граѓаните на Пробиштип да излезат масовно на гласање и да го поддржат кандидатот за градоначалник Тони Тоневски.

„Кога ќе го слушате разумот и срцето зад параванот, ќе видите дека таму стои бројот 9 и името на Тони Тоневски – избор за развој, за иднина и за вистински промени“, порача Мицкоски.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран