
Американскиот политиколог Џон Миршајмер изјави дека американско-израелските операции против Иран се претвораат во војна на исцрпување, при што, според него, САД немаат реална можност за победа во таков тип конфликт.
Тој на конференција организирана од Арапскиот центар во Вашингтон оцени дека ситуацијата води кон долготраен судир, во кој, како што рече, „нема лесен излез“ и дека евентуалното политичко решение би подразбирало признавање на пораз.
Миршајмер додаде дека ваквиот развој на настаните отвора сериозни ризици од натамошна ескалација, при што, според неговото толкување, постои можност во иднина Израел да употреби нуклеарно оружје доколку процени дека Иран се приближува до негова изработка.
Тој оцени дека стравот од иранско нуклеарно вооружување е клучен фактор во израелската безбедносна политика, додавајќи дека конвенционалните воени средства можеби нема да бидат доволни за спречување на такво сценарио.























