УТРО.мк

Министерката на Трамп: Агенти сакале да депортираат канибал, тој почнал да се јаде во авионот

Министерката на Трамп: Агенти сакале да депортираат канибал, тој почнал да се јаде во авионот
Vero

Американската министерка за внатрешна безбедност, Кристи Ноем, вчера изнесе шокантно тврдење за време на посетата на новиот депортациски камп во Флорида, познат под неофицијалното име „Алигатор Алкатраз“.

Според неа, федералните агенти неодамна уапсиле нелегален имигрант за кого тврди дека е канибал и кој, додека бил во авион на лет за депортација, започнал да се јаде себеси.

„Разговарав со федерални маршали што работат со имиграционата служба ICE и ми раскажаа дека уапсиле канибал и го ставиле во авион за враќање во неговата земја. Додека бил во седиштето, почнал да се каса и самоповредува, па морале да го симнат и да му дадат медицинска помош“, изјави Ноем.

Таа ја искористи приказната за да го нагласи ставот на администрацијата дека депортациите се насочени кон, како што рече, „најлошите од најлошите“, а не кон вредни и интегрирани имигранти, како што тврдат критичарите.

„Такви длабоко пореметени лица што шетаат по улиците на Америка се опасност за сите нас. Ние ги лоцираме и ги отстрануваме бидејќи не им е местото овде“, рече Ноем.

Од Министерството за внатрешна безбедност сè уште нема официјална потврда или документирани детали што би го потврдиле инцидентот што го опиша министерката.

„Алигатор Алкатраз“ е новоизграден депортациски центар лоциран 65 километри западно од Мајами, во срцето на мочуриштата на Еверглејдс. Центарот е опкружен со природни бариери, вклучително и алигатори и питони, и беше подигнат за рекордни осум дена, откако администрацијата на Трамп ја прифати понудата од државата Флорида да користи 101 квадратен километар државно земјиште за масовни депортации.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран