УТРО.мк

Макрон контра Трамп: Нема отстапки пред руските закани

Макрон контра Трамп: Нема отстапки пред руските закани
Vero

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека западните сојузници не треба да попуштаат пред руските закани, по најавата на Доналд Трамп за енергетско примирје меѓу Русија и Украина.

За време на посетата на Автомобилскиот саем во Париз, Макрон изјави дека нема фактички причини за промена на досегашниот став кон војната, пренесе весникот „Депеш“. Според него, руските напади врз украинската енергетска инфраструктура продолжиле и во изминатите часови.

Францускиот претседател ја поддржа потребата од прекин на нападите врз енергетските објекти, додавајќи дека треба да се запрат и нападите врз објекти во Црното Море. Истовремено, се заложи за продолжување на мировните преговори.

„Не за отстапки пред руските закани“, порача Макрон и најави дека во текот на денот ќе разговара со Трамп.

Неговата реакција доаѓа по американската најава за енергетско примирје и договорот за испораки на руски дизел на светскиот пазар.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран