УТРО.мк

Луксузен хотел во Франција го зафати пожар, речиси 100 луѓе евакуирани

Луксузен хотел во Франција го зафати пожар, речиси 100 луѓе евакуирани
Vero
pozar
pozar

Во вечерните часови синоќа, луксузниот хотел „Hotel des Grandes Alpes“ во француското скијалиште Куршевел беше зафатен од пожар кој го потресе регионот. Огнот, кој избувнал околу 19 часот во поткровјето на хотелот, предизвика масовна евакуација – повеќе од 90 гости и членови на персоналот беа брзо изнесени на безбедно.

Поради ризикот од понатамошно ширење на огнот, утрово бил евакуиран и соседниот хотел „Le Lana“, во кој престојувале околу 200 гости. Сите евакуирани биле сместени во други објекти во скијалиштето, додека пожарникарите се борат со пламените јазици. На терен се ангажирани 131 пожарникар, а акцијата на гаснење продолжила и во текот на ноќта, откако пожарот не бил целосно ставен под контрола.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран