УТРО.мк

Лондон предупредува: Европа не е подготвена!

Лондон предупредува: Европа не е подготвена!
Vero

Група одбранбени експерти кои минатиот месец се собраа во Вајтхол предупредија дека Обединетото Кралство и неговите сојузници не се подготвени за потенцијален конфликт во Европа, кој според нивните проценки би можел да избие во следните неколку години.

Експертите, меѓу кои сегашни и поранешни припадници на вооружените сили, владини и НАТО функционери, како и специјалисти од одбранбената индустрија, оценуваат дека Русија се подготвува за можен директен судир со Европа. Тие истакнуваат дека покрај зголемување на финансирањето на одбраната, потребна е и промена на начинот на размислување на европските влади и граѓани, кои мора да бидат подготвени да ја разберат сериозноста на заканата.

Според експертите, Русија веќе води хибридна војна против Западот, користејќи саботажи, дезинформации и нарушување на критичната инфраструктура. Ваквите активности веќе предизвикале страв меѓу граѓаните, особено на Балтикот, каде дронови и нарушувања на воздушниот простор се сè почести.

Анализите на НАТО и националните разузнавачки служби покажуваат дека Русија би можела да се обиде на воена акција против Европа во следните три до пет години, а одбранбените планови на хартија сè уште не се целосно применети. Експертите од Обединетото Кралство предупредуваат дека со сегашното темпо, земјата би била подготвена за војна за околу 10 години, додека реалната закана може да се појави многу порано.

Првите чекори кон подобра подготвеност веќе се забележуваат во некои европски земји – Шведска, Финска, Литванија и Латвија ја зајакнаа граѓанската и воената одбрана, додека Германија и Полска воведоа програми за доброволна воена обука. Сепак, експертите предупредуваат дека успешноста на овие мерки зависи од довербата на граѓаните во институциите и нивната подготвеност да се вклучат во заштита на општото добро.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран