УТРО.мк

Лондон одобри изградба на најголемата кинеска амбасада во Европа

Лондон одобри изградба на најголемата кинеска амбасада во Европа
Vero

Кина доби зелено светло за изградба на нова мега амбасада во Лондон, која ќе се простира на околу 55.000 квадратни метри и ќе биде меѓу најголемите дипломатски мисии во светот. Одлуката доаѓа по повеќегодишни одложувања и силни реакции од локалното население, дел од британските пратеници и активисти од Хонг Конг.

Објектот ќе се гради во близина на Лондонската кула, на локацијата каде што до 1967 година се наоѓала Кралската ковница за пари. Површината на новата амбасада ќе биде околу десет пати поголема од сегашната кинеска дипломатска мисија во британската престолнина.

Според Ројтерс, одобрението за градба било издадено непосредно пред најавената посета на британскиот премиер Кир Стармер на Кина, што ќе биде прва посета на британски лидер на Пекинг од 2018 година. Неименувани британски и кинески извори наведуваат дека токму дозволата за изградба била клучен услов за реализација на посетата.

Проектот предизвика загриженост кај дел од американските и британските политичари, кои предупредуваат дека амбасадата, поради својата локација во близина на финансиски институции, би можела да биде искористена за разузнавачки активности, вклучително и преку подземната оптичка инфраструктура.

Кинеската влада го купи земјиштето уште во 2018 година, но претходните барања за дозвола беа одбиени во 2022 година. Минатата година, кинескиот претседател Си Џинпинг побара директна интервенција од Стармер за деблокирање на процесот.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран