Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска оцени дека американски претседател Доналд Трамп е единствениот западен лидер кој има реално разбирање за ставот на Москва во однос на војната во Украина. Според државната агенција ТАСС, Лавров го издвоил Трамп како реток политичар на Западот кој „ја сфаќа руската позиција“, пренесе „Скај њуз“.
Во своето обраќање, Лавров остро се осврна и на политиките на Обединетото Кралство и Европската Унија, наведувајќи дека двете страни се наоѓаат во „политичко слепило“ и оперираат со илузии дека можат да ја надмудрат или надвладеат Русија.
ТАСС дополнително пренесува дека шефот на руската дипломатија истакнал оти Москва нема намера да влезе во воен судир со европските држави. Сепак, тој предупреди дека Русија е подготвена да реагира доколку западни трупи бидат испратени на украинска територија.



























