Тројца млади мажи од Куманово се лишени од слобода поради сомнение дека извршиле кражба на делови од автобус во селото Горно Којнаре. Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Куманово вчера (09.12.2025) околу 21:20 часот ги уапсиле А.Л. (31), М.Л. (26) и Д.З. (25).
Според првичните сознанија, тие на 12 октомври годинава со употреба на сила одзеле делови од автобус паркиран во кумановското село. По приведувањето, осомничените биле спроведени во полициска станица, каде во службен разговор го признале делото.
Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против тројцата ќе бидат поднесени соодветни пријави.



























