УТРО.мк

Кривична истрага против сопствениците на барот во Кран-Монтана по трагичниот пожар

Кривична истрага против сопствениците на барот во Кран-Монтана по трагичниот пожар
Vero

Швајцарската полиција соопшти дека е отворена кривична истрага против двајцата сопственици на барот во ски-центарот Кран-Монтана, каде што на новогодишната ноќ животот го загубија 40 лица, а 119 беа повредени.

Сопствениците, брачниот пар Жак и Џесика Морети од Франција, се обвинети за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност, соопшти полицијата на кантонот Вале. „Презумпцијата на невиност важи додека не се донесе правосилна пресуда“, нагласија властите.

Првичните истражни резултати покажуваат дека пожарот избувнал откако искри од „прскалки“ (party fountains) поставени на шишиња со пијалок го запалиле таванот обложен со звучна изолација. Огнот се проширил многу брзо, а експертите веќе ја поставија дилемата дали барот имал доволно излези за итни случаи и дали материјалот на таванот бил во согласност со законските норми.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран