УТРО.мк

Конечно се огласи Владимир Путин: “Подготвен сум”

Конечно се огласи Владимир Путин: “Подготвен сум”
Vero

Рускиот претседател Владимир Путин, за време на средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан, изрази подготвеност да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Унгарија, пренесуваат РИА Новости.

„Ако нашите преговори доведат до тоа Будимпешта да биде платформа за преговори, би бил многу среќен поради тоа и би сакал да ви се заблагодарам за подготвеноста да помогнете“, рече Путин.

Тој додаде дека самитот Русија-САД бил предложен од претседателот Трамп и дека Унгарија е избрана како можна локација поради добрите односи меѓу државите.

„Тоа беше предлог од Доналд. Тој веднаш рече: ‘Имаме добри односи со Унгарија. Вие и Виктор имате добри односи, а и јас исто така. Ja предлагам оваа опција’“, посочи рускиот претседател.

Последната средба меѓу Трамп и Путин се одржа на 16 октомври, по речиси два месеца, кога беше соопштено дека планираат состанок во Будимпешта. Овој состанок би бил прво појавување на Путин во главниот град на земја членка на ЕУ од почетокот на војната и би барал лет над територијата на други земји членки.

Меѓутоа, руското одбивање за моментален прекин на огнот во Украина ја стави под сомнеж планираната средба, а неодреден функционер од Белата куќа изјави дека САД веќе не гледаат потреба од состанок меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марк Рубио, кој беше предвиден како дел од подготовките за самитот.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 23 ноември објави дека го откажува планираниот состанок.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран